More

    Ковачевски се присети на студентските денови во САД кога на телевизија гледал страдање

    spot_img

    Во 1992 и 1993 година бев на школување во Соединетите Американски Држави, а секое утро наставата започнуваше со телевизиски канал за средните училишта и секое утро први слики беа слики од Балканот, слики на разорување, слики на војна и слики на страдање. И тогаш кажав дека таа слика мораме да ја промениме, рече премиерот Димитар Ковачевски за време на обраќањето на официјалното отворање на Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“ во Белград.

    Денеска, додаде тој, сретнав еден пријател тука во хотелот во Белград, кој исто така во тоа време беше во САД и останавме добри пријатели.

    – Денеска, ме праша дали сум среќен, му кажав „да“, денес сум среќен, затоа што сликите кои денеска ќе ги пренесат сите телевизиски канали во светот ќе бидат слики на насмеани лица, слики од пријателство, слики на земји кои можат и подобро и повеќе, бидејќи се заедно и затоа што се отворени. Дали сум на позиција премиер или на било која позиција, нема да престанам да работам за отворање на границите на Балканот и моја крајна цел е укинување на границите помеѓу нашите држави, бидејќи граѓаните тоа го заслужуваат – рече, меѓу другото, премиерот Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img