More

    Ковачевски најави дека и еврејската заедница ќе биде една од заедниците кои што треба да бидат дел од нашиот Устав при уставните измени кои што треба да бидат усвоени од Собранието

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски најави дека и еврејската заедница ќе биде една од заедниците кои што треба да бидат дел од нашиот Устав при уставните измени кои што треба да бидат усвоени од Собранието.

    Менувањето на Уставот за во него да бидат вметнати Бугарите е услов Македонија да ги продолжи пристапните преговори со Европската Унија по завршување на скринингот на крајот на годинава. Покрај Бугарите и Евреите, се планира во преамбулата на Уставот да влезат и Хрватите и Црногорците.

    – Имав средба со претставници на Кнесетот, на израелското собрание. Тие се тука по повод одбележувањето на 80-годишнината од депортирањето на 7.144 Евреи од Македонија во логорот на смртта Треблинка. Тие биле транспортирани и убиени во Треблинка од страна на фашистите и тоа се историски факти и не може да има дискусија на таа тема. Еврејската заедница кај нас е исклучително значајна заедница и сум кажал јас, како и коалициските партнери, дека при уставните измени и Евреите ќе бидат една од заедниците кои што сметаме дека треба да бидат дел од нашиот Устав – рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во владата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img