More

    Во ТРИ пристигна ново издание на „Мала книга на стапици“ од великанот Горан Стефановски – значајно име со кое сите се гордееме

    spot_img

    Во ТРИ пристигна ново издание на „Мала книга на стапици“ од великанот Горан Стефановски – значајно име со кое сите се гордееме.

    Горан Стефановски уште одамна ни даде инструмент и ни покажа како да свириме. Ни даде алат и ни кажа како да го користиме. Ни напиша рецепт за приготвување добри драми. Повелете влезете во дијалог со мајсторот на мислата, кој може да нè научи како да поставуваме стапици (а ние никогаш да не се фаќаме во нив).

    Продукцијата на ТРИ е особено радосна што ќе придонесе одново да заживее оваа книга. Горан Стефановски е еден од најистакнатите писатели на современата македонска книжевност. Со култните драми „Диво месо“, „Лет во место“, „Јане Задрогаз“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар Маало“ и многу други, закитен со големи награди како што се „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Војдан Чернодрински“, обожаван од македонската и светската публика – тој е многу повеќе од драматург и учител. Тој е човек за кој сме благодарни што сме го имале меѓу себе, како најнаш, когошто ќе го носиме во срцата, во театрите, низ страниците на новонапишаните книги.

    Онака како што пиесите не се пишуваат туку се прават, така и големите луѓе не се создаваат, тие се раѓаат. Таков е и Горан Стефановски – автор кој засекогаш го промени текот на македонската книжевност. А благодарение на ваквите помагала што ни ги остави во наследство, тој продолжува да ги обучува идните писатели, носители на иднината на домашната литература.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img