More

    Ковачевски: До крајот на 2022 ќе заврши изградба на уште десет нови градинки низ државава, а до крајот на 2023 – ќе има уште 15 нови

    spot_img

    До крајот на 2022 ќе заврши изградба на уште десет нови градинки низ државава, а до крајот на 2023 – ќе има уште 15 нови, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на нова градинка во Општина Струмица.

    – Овде не завршува овој проект, туку Владата е подготвена да ѝ помогне на секоја општина и општините што сакаат да аплицираат за изградба на нова градинка може да го направат тоа преку Министерството за труд и социјална политика – додаде Ковачевски.

    Од 2017 до сега со поддршка на Владата, рече тој, отворени се 72 градинки во кои се згрижени околу 4800 деца, а фокусот е изградба на градинки рамномерно низ земјава, секаде каде што има потреба од згрижување деца.

    – Фактите покажуваат дека како Влада имаме направено убедливо најмногу инвестиции во градинките во историјата на државата. Првпат десет населени места добија градинки, а клонови на јавни установи се направени во уште 17 населени места. Можеби не важиме за Влада која прави споменици и инвестира во стиропор, но важиме за Влада која инвестира во трајни вредности во државата, а тоа е високо образование, средно образование, основно и предучилишно образование на децата – рече Ковачевски.

    Тој нагласи дека се посветени и на обучување на кадарот во градинките и дека откако е СДСМ на власт платата на вработените во градинките е повисока за околу 21 процент.

    – Платата на воспитувачките, негувателките и стручниот кадар – рече Ковачевски – е покачена за 15 проценти од септември, по договорот меѓу СОНК и МТСП, а со порастот на минималната плата зголемување доби и техничкиот персонал во градинките.

    Во оваа пригода премиерот им порача на пратениците што побргу да биде донесен Предлог-законот за изменување на Законот за детска заштита.

    Министерката за труд и социјална политика на отворањето на новата градинка во Струмица рече дека само преку Проектот за подобрување на социјалните услуги од Светската банка, предвидени се 16 градинки, од кои пет веќе се отворени, а останатите ќе бидат отворени до крајот на 2022 и почетокот на 2023 година.

    – Од 2017 до денес Владата има инвестирано и отворено 72 нови објекти за згрижување деца во предучилишно образование – истакна Тренчевска и додаде дека за Владата е важно рамномерно вложување во сите региони во земјава за сите деца и нивните родители да имаат еднакви можности.

    Тренчевска посочи и дека во услови на енергетска криза е обезбедено непречено функционирање на градинките преку повластена тарифа за електрична енергија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img