More

    Бездомник од Лас Вегас му го јадел лицето на човек, тврди дека бил опседнат

    spot_img

    Избезумен канибал бил фатен како јаде месо од лицето на маж откако му ги изел увото и очното јаболко. Тој претходно го убил мажот на паркингот „7-Илевн“ во Лас Вегас, објави Дејли мејл.

    Колин Чек (29) е обвинет за убиство откако полицијата го пронашла облеан во крв и клекнат над осакатената глава на неговата жртва во Лас Вегас. Бездомникот и’ признал на полицијата дека „ги користел забите за да ги изеде очното јаболко и увото на жртвата“, се вели во извештајот за апсење на канибалот.

    Чек вчера бил изведен пред судот во Лас Вегас каде имал бизарни изрази на лицето, а неговиот адвокат тврдел дека е „прелуд за да му се суди“.

     

    Сведоците се јавиле на полиција во 4.44 часот утрината во неделата откако виделе дека Чек напаѓа човек, идентификуван како Кенет Браун. Тој наводно ја удирал главата на Браун во бетон, се однесувал параноично, врескал и одел наоколу во неверување.

    Полицијата соопштила дека Чек го убил Браун удирајќи му ја главата во бетон повеќепати. Несреќниот маж починал поради тешките повреди на главата.

    Страшна сцена во Опседнатиот музеј

    Паркингот „7-Илевн“ се наоѓа на булеварот Лас Вегас 1100 Ес, неколку чекори подалеку од познатиот „Опседнат музеј“ и „Малата бела капела“.

    Уште еден повик во полиција бил упатен во 5.33 часот, а сведокот тврдел истиот човек „му го јаде лицето на човекот кој е на земја“ на блиската автобуска станица. Полицијата пристигнала 4 минути подоцна и била преплашена кога го пронашла Чек со крв и „биолошки траги“ на лицето, рацете, устата и на облеката.

    Браун не реагирал и крвавел од главата, му недостасувале левото уво и левото око.

    Чек клекнал наземи до главата на Браун, а кога полицајците го прашале што се случило, тој зјапал празно без да каже ни збор. Чек бил однесен во болница бидејќи „паѓал и губел свест“ додека, пак, Браун бил прогласен за мртов по пристигнувањето во болница.

    Чек тврдел дека „бил опседнат“

    Чек подоцна им рекол на детективите дека е бездомник и не спиел 5 ноќи по ред бидејќи „нешто го опседнало“. Тој тврдел дека Браун го „нападнал“ и мислел дека се бори со дух, но „виша сила му помогнала да победи“. Тој исто така изјавил дека гласовите што ги слушнал му рекле да убие лице, по име Дрејк, кое не го познавал и мислел дека Браун е Дрејк.

    Кога го прашале со што го напаѓал Браун, тој наводно рекол „со заби“ и дека „ги користел забите за да ги јаде очните јаболка и ушите на Браун“.

    Сослушувањето е закажано за 24 мај

    Заменик главниот јавен бранител Дејвид Вестбрук пред судот изјавил дека Чек е луд и дека неговото сослушување ќе се одржи на 24 мај.

    – Разговарав со него и открив дека е неспособен. Ќе дојдеме до сите фактички наводи, тоа е процес – рекол Вестбрук.

    Доколку на рочиштето се утврди дека Чек е ментално неспособен да му се суди, тој ќе биде испратен на лекување во ментална институција додека не се подобри неговата здравствена состојба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img