More

    Косовска телевизија објави снимка од дрон

    spot_img

    Дрон снимил како косовската полиција ги бркала маскираните напаѓачи во селото Бањска. Видеото го објави телевизиајта Клан Косова. Автентичноста на видеото не е потврдена.

    Генералниот директор на косовската полиција Газменд Хоџа изјави дека оние од осомничените кои не биле неутрализирани или уапсени во нападот, успеале да заминат пеш од областа „во и околу манастирот Бањска“.

    Според Хоџа имало околу триесетмина напаѓачи. И Приштина и Белград потврдија дека Србите првично изградиле барикада која припадниците на косовската полиција се обиделе да ја срушат.

    Потоа дошло до вооружен конфликт во кој загинал косовски полицаец, а според досегашните информации од страната на напаѓачите загинале четворица Срби. Српските медиуми објавија фотографии и иницијали за тројца од нив, додека четвртото тело беше пронајдено на 1,5 километар од местото на инцидентот.

    Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељај Свеќља рече дека во едно од возилата, мерцедес со белградски таблички, биле пронајдени и документите на Милан Радоичиќ, заменик на Српската листа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img