More

    Кинез по 29 години уапсен за убиство, за тоа време станал милионер

    spot_img

    Кинеската полиција уапси маж осомничен за убиство, кој стана милионер во текот на 29 години поминати во бегство, објавија локалните медиуми.

    Инспекторите велат дека човекот, идентификуван само со презимето Сјонг, е осомничен дека убил едно лице со нож за време на расправија во 1993 година.

    Полицијата од градот Ксинџијанг во централната провинција Хубеи патувала повеќе од 1.200 километри до Хуижоу во јужната провинција Гангдонг за да го уапси осомничениот.

    Сјонг е уапсен во својот дом каде живее со својата мајка, а се претставил како службеник за превенција од коронавирус, се вели во видеото објавено од медиумите.

    Уапсениот, кој првично бил работник, со текот на годините станал милионер, додаваат медиумите без да прецизираат како го стекнал своето богатство.

    „Сега знаеш зошто дојдовме по тебе. Дојде време да си ги платите долговите“, вели еден полицаец, како што се слуша на видеото.

    Следете N1 преку апликации за Android | iPhone/iPad и социјалните медиуми

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img