More

    Кинескиот економски раст надмина пет проценти

    spot_img

    Бруто домашниот производ (БДП) на Кина порасна за 5,3 отсто во првиот квартал, речиси исто темпо како и на крајот на 2023 година, објави во вторникот заводот за статистика.

    На тримесечно ниво, активноста е зголемена за 1,6 отсто во периодот од јануари до март, по растот од 1 отсто на крајот на 2023 година.

    Посебен извештај на Заводот за статистика, сепак, покажува забавување на индустриското производство на почетокот на пролетта, со годишна стапка на раст од 4,5 отсто во март. Во февруари тој скокна за 7,0 отсто.

    Растот на прометот во малопродажбата значително забави и во март, на 3,1 отсто, од 5,5 отсто во февруари.

    Незначително забрзаа вложувањата на компаниите во основни средства, според стапката на раст во март од 4,5 отсто. Во февруари се зголемени за 4,2 отсто.

    Стапката на невработеност се задржа малку над нивото од пет проценти.

    Цените на недвижностите паднаа за 2,2 отсто, по падот од 1,4 отсто во февруари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img