More

    Кинески хакери се инфилтрирале во големите американски инфраструктурни мрежи

    spot_img

    Кинеска хакерска група спонзорирана од државата се инфилтрирала во главните инфраструктурни мрежи во САД, објавија во средата Вашингтон, неговите западни сојузници и Мајкрософт, предупредувајќи дека слични кампањи може да се случат низ целиот свет.Властите задолжени за безбедноста на информациите во САД, Канада, Велика Британија и Нов Зеланд, предупредија во заедничката изјава на „низа активности“ поврзани со „сајбер актерот познат и како Волт Тајфун под покровителство на кинеската држава“.

    „Оваа активност влијае на мрежите на главните американски инфраструктурни сектори“ и субјектот што ги извршува нападите „може да ги примени истите методи (…) низ целиот свет“, додаваат тие.

    Во одвоено соопштение, Мајкрософт рече дека „Волт тајфун“ е активен од средината на 2021 година и дека, меѓу другото, имал за цел важна инфраструктура на островот Гуам, дом на голема американска воена база во Тихиот Океан.

    Таа кампања може да ја „наруши критичната комуникациска инфраструктура меѓу САД и азискиот регион во идни кризи“, предупреди Мајкрософт.

    „Набљудуваното однесување води до заклучок дека злонамерниот актер има намера да се вклучи во шпионажа и да го одржува пристапот (до инфраструктурата) што е можно подолго без да биде забележан“, додава американската технолошка групација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img