More

    Кијану Ривс уште еднаш ги воодушеви обожавателите откако се дозна дека на секој каскадер од „Џон Вик 4“ му подарил изгравиран часовник со посвета

    spot_img

    Кијану Ривс уште еднаш ги воодушеви обожавателите откако се дозна дека на секој каскадер од „Џон Вик 4“ му подарил изгравиран часовник со посвета.

    Актерот го почести каскадерскиот тим од последниот филм на „Џон Вик“ со часовници „ролекс“ вредни повеќе од 8.000 евра како благодарност за епските сцени со борби во новиот филм, кој критичарите го нарекоа „еден од најдобрите акциони филмови досега“.

    Брус Ли Консепсион, Џереми Маринас, Дејв Камарило и Ли Кианг се четворицата каскадери со кои Ривс ја помина вечерта во бистро во Париз, каде им ги подари подароците.

    Станува збор за персонализиран часовник Rolex Submariners, модел за кој компанијата вели дека е првиот нуркачки рачен часовник отпорен на вода до длабочина од 100 метри, а лансиран е во 1953 година. Ривс се одлучил за модел кој беше лансиран во септември 2020 година, а се продава по цена од приближно 8.300 евра, пишува Роб Репорт.

     

    Според медиумите, овие часовници се доста тешко да се набават поради неверојатната побарувачка, а Ривс успеал да набави дури четири примероци. Но, актерот не застанал тука бидејќи на секој часовник врежал лична порака.

    „Петката Џон Вик“, пишува на задниот дел од часовникот, а покрај името на членот на екипата пишува: „Ви благодарам… Киану… JW4 2021 година“.

    Каскадерите биле воодушевени од подарокот, а еден од нив Џереми Маринас на социјалните мрежи изјавил дека подарокот е „најдобриот подарок досега“.

    Покрај тоа што се заблагодари на целата собрана екипа по завршувањето на снимањето, Ривс на каскадерите им подари маички со бројки „смрт“ бидејќи многумина беа „убивани“ повеќепати во филмот, некои од нив и по 20 пати.

    За потсетување, обожавателите беа толку возбудени од една сцена од снимањето на продолжението на „Џон Вик“ што бараа каскадерите да добијат покачување.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img