More

    Ќерката на Моника Белучи блеска на модната сцена

    spot_img

    Убава и талентирана на својата мајка, 18-годишната Дева Касел, ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел, зачекори во манекенските води, а откри дека има и актерски амбиции. Иако порасна далеку од очите на јавноста, младата девојка која многу наликува на својата мајка, одлучи да тргне по стапките на нејзините родители и да изгради јавна кариера.

    Папараците ја „уловија“ во Рим на снимањето на најновата реклама за брендот Dolce&Gabbana. Таа е фотографирана на познатата Фонтана Ди Треви во краток црн фустан од тантела и црни тренди-папучи.

    Убавата Дева на Инстаграм ја следат повеќе од 970 илјади фанови. Во светот на манекенството влезе на 15 години, а неколку пати ги красеше насловните страници на познатите списанија.

    – Во моментов сум посветена на манекенството, како и на драмската работилница на која присуствувам. Не би ми пречело да се обидам да глумам. Мислам дека навистина би уживала во тоа, но знам дека тоа е тешка професија која за да се усоврши бара многу време и многу лично вкложување. Навистина го ценам фактот што моите родители никогаш не ме терале да глумам. Секогаш ми велеа дека можам да бидам што сакам кога ќе пораснам – изјави Дева во интервју за магазинот Glass.

    На ќерката на Моника Белучи веќе и предвидуваат и успешна кариера на големото платно. Најавено е дека Дева ќе глуми во италијанската серија Леопард, која ќе се емитува на Нетфликс. Станува збор за серија инспирирана од италијанскиот филмски класик во режија на Лучино Висконти, кој го освои Златниот лав во 1963 година. Во тој филм глумеа Клаудија Кардинале, Ален Делон и Бурт Ланкастер.

    Дева ќе ја глуми Анџелика Седара, улогата што ја имаше Клаудија Кардинале.

    Моника Белучи и Винсент Касел имаат две ќерки 18-годишната Дева и 12-годишната Леони. И славната Моника Белучи ја започна својата кариера и како модел, па затоа се почесто Дева ја споредуваат со нејзината мајка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img