More

    Хајди Клум во „жешко“ издание ги запали социјалните мрежи

    spot_img

    Манекенката Хајди Клум со нејзиниот сопруг Том Каулиц ужива на топлото сонце на француската ривиера. Со „жешките“ фотографии од плажа, атрактивната манекенка предизвика вистински пожар на социјалните мрежи.

    Хајди Клум и Том Каулиц се венчаа во 2019 година, а нивната страсна врска станува побурна со годините. Тие се видени во Франција како се бакнуваат и се допираат, пренесува Page Six.

     

    Познатата манекенка која денеска полни 50 години, своето жешко тело го покажа во минијатурно бикини, додека гитаристот кој е 17 години помлад од неа, беше во црни шорцеви и имаше портокалова капа на главата.

    Во еден момент, Клум ги задржала ногата и раката на бутот на нејзиниот сопруг додека страсно се бакнувале.

     

    Знаеме дека Хајди нема проблем со „да покаже малку кожа“, па неодамна објави топлес слика на Инстаграм, облечена само во долен дел од бикини со црна танга.

     

    Инаку, Хајди и Том тајно се венчаа во Калифорнија по речиси една година врска. Подоцна истата година, тие направија венчавка заедно со семејството и пријателите во Капри, Италија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img