More

    Ќе печатите само тоа што е потребно, ќе работите на дневна светлина

    spot_img

    Гаснење на сијалиците кога има доволно дневна светлина и во период кога нема никој во канцеларија, исклучување на компјутерите по завршување на работните задачи, забранета употребата на дополнителна опрема за греење или ладење на просториите и печатење само на потребните материјали, се дел од мерките што ги презеде АД МЕПСО, објави директорот на компанијата Орхан Муртезани.

    Тој преку видео ги повика и другите институции, но и граѓаните да штедат електрична енергија, давајќи конкретни примери од АД МЕПСО.
    – Како одговорна компанија мора да предничиме со мерките за штедење. Во овие тешки времиња на енергетската криза, ако бараме штедење од граѓаните, мора да бидеме први што тоа ќе го спроведеме – посочи Муртезани.

    Според него, граѓаните треба да се осигураат дека тие кои бараат да се штеди, се првите што штедат.

    Од почетокот на септември за државните институции на сила се мерките за штедење на струја, со кои, според Владата, потрошувачката на електрична енергија треба да се намали за 15 отсто во однос на истиот период лани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img