More

    Касија Галанио, поранешната сопруга на катарскиот принц Абделазиз бин Калифа ел Тани e пронајдена мртва во нејзиниот дом во Марбела, Шпанија

    spot_img

    Касија Галанио, поранешната сопруга на катарскиот принц Абделазиз бин Калифа ел Тани, во неделата e пронајдена мртва во нејзиниот дом во Марбела, Шпанија.

    Според францускиот „Паризиен“, телото го пронашла полицијата. Се смета дека причината за смртта е предозирање со наркотици.

    Четириесет и петгодишната Касија Галанио беше трета сопруга на Абделазиз бин Калифа ал Тани (73), вујко на емирот на Катар.

    Тие се венчаа во 2004 година и имаат три ќерки. Десет години се бореле за старателство, по обвинувањата дека тој сексуално го вознемирувал најстарото дете. Тој секогаш ги негирал обвинувањата.

    Децата во моментот живеат со својот татко во Париз.

    Касија Галанио, која е родена во Лос Анџелес, а има полско потекло, живеела во една од нивните куќи во Марбела додека се борела со депресијата и со проблемите со алкохолот.

    Иако допрва треба да се изврши обдукцијата, првите податоци покажуваат дека таа најверојатно починала од предозирање со наркотици. На телото не се пронајдени траги на физичко насилство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img