More

    Карло Анчелоти е главен кандидат за селектор на Бразил

    spot_img

    Тренерот на Реал, Карло Анчелоти наскоро би можел да ја преземе бразилската фудбалска репрезентација, пренесуваат шпанските медиуми.

    Бразил моментално е без селектор, откако Тите во декември минатата година поднесе оставка по елиминацијата на „кариоките“ од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.

    Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бразил, Едналдо Родригез во наредните денови ќе пристигне во Мадрид, со цел да се обиде да го убеди италијанскиот стручњак да ја преземе „кариоката“. Родригез прво ќе разговара со претседателот на Реал, Флорентино Перез, а потоа и со Анчелоти.

    „Мундо Депортиво“ наведува дека Родригез е подготвен да му понуди на Анчелоти годишна плата од десет милиони евра. Италијанскиот стручњак во Реал заработува девет милиони евра по сезона.

    Шпанските медиуми тврдат дека Родригез ќе се обиде да ги ангажира Жозе Мурињо или Хорхе Жесус, доколку пропаднат преговорите со италијанскиот стручњак.

    Анчелоти во својата кариера ги водеше Реџана, Парма, Јувентус, Милан, Челзи, ПСЖ, Баерн, Наполи, Евертон и Реал, а од 1992 до 1995 година беше помошник тренер во италијанската репрезентација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img