More

    Како љубовта ја победи смртта

    spot_img

    Од последна желба до среќен крај. Двојка од Италија се венчаше во одделението за кардиохирургија како последна желба на младоженецот. По успешната транплантација тие среќно си отишле дома заедно.

    Маурицио бил згрижен в болница во јуни откако доживеал срцев удар. И покрај напорите на лекарите, неговата клиничка слика не ветувала многу. Неговата состојба се влошувала, предизвикувајќи низа други компликации кои довеле до потреба од пресадување на срце. Тој потоа бил ставен на списокот за итна трансплантација, па е одржуван во живот со машини кои ја движат крвта низ неговото тело. Прифаќајќи дека веќе умира, Италијанецот имал само една желба – да се ожени со Силвија, неговата девојка и мајка на нивната двомесечна ќерка.

    Венчавката било последната желба на Маурицио и истата се одржала во кардиохируршкото одделение каде што тој лежел. Силвија наместо цвеќе држела „букет“ од тубите за крв, а собата била украсена и со неколку балони, како и фотографија од нивната ќерка.

    По речиси 12 часа од нивната венчавка, Центарот за трансплантација објавил дека нашле соодветно срце за Маурицио. Тоа пристигнало во Торино со специјален авион, а потоа лекарите извршиле успешна операција.

    – Прекрасни вести со двојно-среќен крај, честитки до тимот кој успешно ја изврши трансплантацијата. Нека ова семејството биде почеток на нов среќен заеднички живот кој повторно се роди – изјави Џовани ла Вале, одговорен за здравството на Градот Торино.

    Маурицио денес се чувствува добро и ужива во својот „втор живот“ и времето поминато со семејството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img