More

    Како ја одбравте фирмата на Васил Бошков – Черепот, кој живее во Дубаи, прашува ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    Дали владата со потпис на Артан Груби ја отвори вратата за криминалните пари на бугарското подземје и ја стави Македонија во партнерство со бугарската мафија – праша јавно портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски денеска на прес-конференција.

    „По низа толкувања и заобиколувања на законите, владата тивко, со потпис на Артан Груби летово, дозволи отворање нови видео лотарии, односно онлајн коцкање. И тоа не за една, туку за три нови онлајн коцкарници, во партнерство со државната лотарија – односно со државата.

    Државната лотарија, пак, овој септември распишува оглас во којшто речиси е направен фоторобот на идниот партнер на ДУИ и СДС, и којшто во никој случај не може да биде домашна фирма.

    И оттука прашуваме:

    • Дали фирмата којашто партнерски ќе работи со владата во Македонија е онлајн коцкарницата 8888. бг, од Бугарија?
    • Дали оваа фирма не е позната како фирма на бугарското подземје, на групацијата на познатиот Васил Бошков, т.н. Черепот, познат на законот во Бугарија, којшто живее во Дубаи?
    • Зошто се поставени услови коишто ги исклучуваат домашните фирми? И зошто владата дава лиценца на дури 15 години!

    Додека владата лаже дека е против коцкање и обложување, додека државата тоне во сиромаштија, ДУИ и СДС повторно влетуваат во партнерство со мафијата, овој пат поврзано токму со коцкарници – рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img