More

    Каде е Кејт Мидлтон? Кружат неверојатни теории, светот е загрижен за омилената принцеза

    spot_img

    Откако беше објавено дека направила операција на абдоменот, Кејт Мидлтон стана главна тема на медиумите. Теориите за тоа каде се наоѓа принцезата од Велс се шират со неверојатна брзина.Идната британска кралица последен пат беше видена како оди во црква на Божиќ 2023 година со сопругот Вилијам и децата принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот.

    Палатата Кенсингтон на 16 јануари објави дека принцезата била оперирана во позната клиника во Лондон и дека нејзиното враќање на јавните обврски не се очекува пред Велигден.

    Фановите на кралското семејство потоа и посакаа на принцезата брзо закрепнување, но и изразија загриженост за целата ситуација. Имено, абдоминалната хирургија е широк поим и може да значи повеќе различни работи. Долгиот престој на принцезата во болница по операцијата предизвика загриженост кај обожавателите и ги подгреа гласините. Тоа што палатата нагласила дека се работи за планирана операција само значи дека не била итна. Во теорија, принцезата би можела да оди на лекар во петок и да добие термин за операција во вторник.

    Она што ги подгреа гласините е фактот дека додека пристигнуваа извештаи за закрепнувањето на принцезата дома, ниту една нејзина фотографија не беше објавена откако ја напушти болницата.

    Насловите на таблоидите и аналитичарите кои се занимаваат со кралското семејство не помогнаа да се смири ситуацијата. Се чини дека насловите во весниците и порталите се обидуваат да долеат масло на огнот. Некои британски таблоиди сугерираат и дека принцезата може да има проблеми со менталното здравје.

    Адријан ДЕНИС / АФП
    Биографката на кралицата Камил, Ангела Левин, сподели мисли кои одат во таа насока. Таа сугерираше дека принцот Вилијам морал „да се справи со плачењето и врескањето“ од неговата мајка принцезата Дијана кога имал 15 години, што можело да го подготви за здравјето на неговата сопруга.

    Новинарката Конча Калеја тврди дека на принцезата и била извршена хистеректомија, отстранување на матката и дека морала да биде интубирана поради сериозни компликации по операцијата. Таа рече дека има цврсти извори за нејзините тврдења.

    Од палатата одговорија на гласините не со официјално соопштение, туку преку извор. „Тоа е целосна глупост, таа новинарка не се ни обиде да провери што и да каже. Се е измислено“, рекол извор од палатата.

    Она што придонесе за мистеријата е потегот на принцот Вилијам, кој „од лични причини“ во последен момент се повлече од комеморацијата за кумот, грчкиот крал Константин Трети. Кенсингтонската палата не соопшти детали.

    Дописникот на Дејли Мејл, Чарли Ланкстон, вели дека Кејт Мидлтон „не исчезнала, но не може да се врати на кралските должности дури после Велигден“. Откривањето здравствени информации без согласност не само што ја нарушува приватноста на една личност, туку и поставува вознемирувачки преседан за сечие право на приватност, вели тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img