More

    Јелена со романтично видео му го честита роденденот на Новак

    spot_img

    Јелена Ѓоковиќ на романтичен и посебен начин му го честиташе 37-от роденден на својот сопруг, најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ.
    Српскиот тенисер денеска го слави својот 37 роденден, а моментално е далеку од семејството. За разлика од претходните родендени, сега Ѓоковиќ мора да биде на тенискиот терен. Тој од 18 часот ќе одигра меч во второто коло на турнирот во Женева со Јаник Ханфман, но семејството не го заборави.

    Неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ на Инстаграм му го честиташе роденденот со специјално видео. Таа објави видео со сопругот на кое може да се види како се смеат, се прегрнуваат и се шегуваат заедно, а во позадина се слуша песната на Селин Дион.

    „Среќен роденден блесав, будалест,  неуморен татичко со срце големо како универзумот. Не дека си наш, туку навистина си најдобар. Те сакаме“ – напиша Јелена Ѓоковиќ во пораката покрај видеото.

     

    Видеото за кратко време доби многу лајкови, а Јелена заедно со ќерката Тара и синот Стефан сигурно ќе го следат Новак од 18 часот во Женева. Малиот Стефан веќе некое време покажува афинитет кон тенисот и е редовен на тренинзите и на настапите на својот татко.

    Новак Ѓоковиќ неодамна зборуваше за тоа колку му е тешко кога поради тенисот не е со своите деца.

    – Додека зборуваме, моите деца се во Европа и нема да ги гледам со недели и се повеќе ме боли што ги оставам. Пред некој ден на мојата ќерка и падна првиот заб, јас не бев тука и тоа ме убива. Каков татко сум јас кога го пропуштив тоа? Но од друга страна, овде сум и таму сум каде што сум – рече Ѓоковиќ.

    Новак и Јелена Ѓоковиќ во брак се од јули 2014 година, имаат две деца, синот Стефан е роден на 22 октомври 2014 година, а ќерката Тара на 2 септември 2017 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img