More

    Јапонскиот уметник Казуки Такахаши, кој ја создаде хит-серијата манга стрипови „Ју-Ги-Ох!“, е пронајден мртов во морето

    spot_img

    Јапонскиот уметник Казуки Такахаши (60), кој ја создаде хит-серијата манга стрипови „Ју-Ги-Ох!“, е пронајден мртов во морето, пишуваат медиумите, а пренесува Ројтерс.

    Телото на Такахаши (60) го пронашла јапонската крајбрежна стража во средата наутро во близина на градот Наго на островот Окинава во опрема за нуркање што пловела во морето, објави државната телевизија НХК.

    Едно лице од брод што поминувало ја повикало јапонската поморска служба за да пријави тело што плови на 300 метри од брегот во близина на туристичкиот град Наго.

    При прегледОТ на телото, истражителите утврдиле дека има повреди на стомакот и долниот дел од телото, кои очигледно се последица од каснување од ајкула, јавуваат странските медиуми, пишува „Вашингтон пост“.

    Властите ја истражуваат неговата смрт.

    Казуки Такахаши (60), чие вистинско име беше Казуо, е автор на оригиналната манга стрип серија „Ју-Ги-Ох!“, што значи „Крал на игрите“, која беше адаптирана на екран и се емитуваше од 1996 до 2004 година.

    Манга лансираше меѓународна хит франшиза која продолжува до ден-денес со игри со карти, играчки и понови серии манга, наведува Ројтерс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img