More

    Јапонија тврди дека кинески бродови влегле во нејзините територијални води

    spot_img

    Јапонија во понеделникот објави дека четири кинески бродови влегле во нејзините територијални води, пловејќи на неколку километри од јапонските рибари, јавува Анадолија.

    Бродовите влегле во територијалните води во близина на островите Минамикоџима и Уотсуриџима околу спорните острови Сенкаку во Источното Кинеско Море, соопшти јапонската крајбрежна стража.

    Ова е втор пат годинава Токио да тврди дека кинески бродови влегле во нејзините територијални води. Првиот инцидент бил пријавен на 10 јануари.

    Како што објави јапонската телевизија NHK, крајбрежната стража „испрати патролни бродови за да ја зачува безбедноста на јапонските бродови и да ги предупреди кинеските бродови веднаш да ги напуштат територијалните води на Јапонија“.

    Овие острови, кои се наоѓаат на повеќе од 1.900 километри југозападно од Токио, се под управа на Јапонија од 1972 година, но и Токио и Пекинг тврдат дека им припаѓаат, барајќи права кои одат далеку во историјата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img