More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 30 Јуни, 2023

    spot_img

    На 29.06.2023 околу 18.10 часот во близина на Богданци од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Стар Дојран е лишен од слобода П.Г.(49) од Богданци поради основано сомнение дека со патничко моторно возило „ауди A4“ со гевгелиски регистарски ознаки, превезувал осум лица мигранти од Сирија. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

     На 29.06.2023 во Штип од страна на полициски службеници од СВР Штип е лишен од слобода Д.Н.(29) од Злетово, затоа што, според пријавеното, на 28.06.2023 околу 20,30 часот во угостителски објект во Штип од С.М.(58) од Штип одзел ташна во која имало пари, лични документи и клуч од возило. По целосно документирање на случајот против Д.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.

     Во текот на изминатата вечер (29/30.06.2023) во периодот 23.00-04.00 часот на територија на Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 11 возачи.За време на контролата биле санкционирани и 15 други видови прекршоци.

     На 29.06.2023 во 09.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид после с.Врбајни патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(58) од Кичево, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид. 

     Во текот на вчерашниот ден (29.06.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 380 возачи. Од нив, 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.Притоа, 176 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 204 надвор од населено место.

     На 29.06.2023 во 17.45 часот било пријавено дека во с.Зелениково-скопско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ќ.(50) од с.Страхојадица и патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(37) од с.Зелениково. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од возилото „фолксваген“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (29.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 205 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 55 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за управување возило под дејство на алкохол, осум мерки за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли.Изречени се две санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет санкции за користење мобилен телефон при управување возило, три мерки за некористење сигурносен појас…

    На 29.06.2023 во 02.00 часот било пријавено дека во Струмица на ул.„Маршал Тито“ моторцикл „гилера“ без регистарски ознаки, управуван од М.В.(25) од Струмица, удрил во паркирано патничко моторно возило “пежо 407“ со беровски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

        На 29.06.2023 во 12.45 часот било пријавено дека во Гостивар на ул.„101“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.М.(36) од Гостивар и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(58) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ф.М., а со телесни повреди се здобил А.Б. констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.    

     На 29.06.2023 во 13.00 часот во Полициската станица Кисела Вода Т.Б.(43) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

    На 29.06.2023 во 22.30 часот во Полициската станица Чаир А.П.(54) од Скопје, пријавил дека на ул.„Александар Урдаревски“ бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img