More

    Израелските сили влегоа во тајните подземни простории на милитантната организација

    spot_img

    Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека пронашле терористички тунели во џамија во Газа. „Војниците на ИД открија отвор за терористички тунел за време на копнени операции во џамија во Појасот Газа“ – соопшти ИД.

    Војската на Израел објави дека пронашла складиште со оружје на Хамас по рацијата во тунел под болницата во Газа. Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), контраадмирал Даниел Хагари, изјави дека складиштето со оружје било најдено под детската болница Рантиси само еден ден откако биле евакуирани последните пациенти.

     

    Болниците се во центарот на војната во последните денови. Хамас тврди дека не ги користи болниците како бази за своите операции. Болницата Рантиси остана без гориво минатата недела и Израел им нареди на луѓето да ја напуштат додека продолжува со копнената операција.

    Во изјава за новинарите од Тел Авив, контраадмиралот Хагари рече дека во подрумот биле пронајдени „команден и контролен центар на Хамас, самоубиствени елеци, гранати, автомати АК-47, експлозивни направи, РПГ и друго оружје“. „Најдовме и знаци кои покажуваат дека Хамас овде држел заложници“, рече тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img