More

    Нискобуџетната авикомпанија Визер во зимската сезона која почнува на 27 октомври планира да редуцира дел од линиите од Скопје, но на одделни дестинации ќе го зголеми бројот на неделни полети од Скопскиот аеродром

    spot_img

    Нискобуџетната авикомпанија Визер во зимската сезона која почнува на 27 октомври планира да  редуцира дел од линиите од Скопје, но на одделни дестинации ќе го зголеми бројот на неделни полети од Скопскиот аеродром. Причина за ваквата постапка на авиокомпанијата е проблемот  со флотата и инспекцијата која се врши на сите авиони поради проблеми со моторите.

    Компанијата сега има приземјено 40 авиони, пишува  Ex-Yu Aviation News.

    Од 27 октомври кога почнува зимскиот ред на летање авиокомпанијата ќе намали 9 линии од Скопје, иако претходно планираше да има поголем број линии.

    Според новиот план на летање, неделните летови од Скопје до Шарлроа и Ајндховен  се намалуваат од  5 на 4, за  Берлин од 5 на 3,  за  Келн, Милано и за  Хамбург од 4 на 3,  за Хан и за Болоња од 3 на 2 и за Малта од првично планираните 4 неделни ротации на 3 неделни.

    Како што беше претходно објавено, авиокомпанијата ја прекина продажбата на билети за зимата на услугите од главниот град на Македонија до Бремен, Копенхаген и Стокхолм Скавста. Од друга страна, услугите кон Нирнберг ќе се зголемат од 2 на 3  неделно, за Малме од 3 на 5 неделно, а за Лондон  Лутон ќе порасне од 3 на 4 неделни летови.

    Визер претходно најави дека планира да се врати на растот на своите фреквенции и мрежа надвор од своите бази во Скопје од летото 2025 година, и покрај проблемите со моторот, кои се очекува да ги има авиокомпанијата уште 2 години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img