More

    Израелската војска извршила 300 воздушни напади за 24 часа

    spot_img

    Војната во Појасот Газа продолжува, а договорениот прекин на огнот и ослободување на заложниците се пролонгира барем за уште еден ден.

    Израел продолжува со нападите врз јужниот дел на Појасот Газа, а израелската армија соопшти дека во изминатите 24 часа извршила 300 воздушни напади.

    – Преговорите за ослободување на нашите заложници постојано напредуваат и продолжуваат. Ослободувањето ќе почне според првичниот договор на страните и не порано од петок, изјави израелскиот советник за национална безбедност Цачи Ханегби.

    Израелските власти наведоа дека прекинот на огнот би можел да трае подолго од четири дена доколку Хамас ослободува најмалку десет заложници дневно. Палестински неименуван извор изјави дека во вториот бран, до крајот на месецот, би можеле да бидат ослободени дури стотина заложници. Двете страни рекоа дека ќе продолжат со борбите откако ќе заврши прекинот на огнот.

    – Ова не е крај на војната. Ќе продолжиме додека нѐ победиме – наведе началникот на Генералштабот на Израел, генерал-полковник Херзи Халеви.

    Во меѓувреме, Хамас објави дека израелските сили ги привеле вработените во болницата Ал-Шифа, најголемата во Појасот Газа, вклучувајќи го и директорот. Израел официјално не го потврди ова, но неименуваните израелски официјални лица го потврдија тоа за телевизијата Кан.

    Првото примирје во седумнеделната војна треба да овозможи ослободување на 50 жени и деца киднапирани од Хамас во нападот врз Израел на 7 октомври во замена за ослободување на 150 Палестинци од израелските затвори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img