More

    Изненадување во Индијан Велс: Ѓоковиќ беше нокаутиран од 123. тенисер во светот

    spot_img

    Стомачни проблеми, расправија со судијата, многу лоша игра и брилијантен противник во третиот сет – на крајот од вечерта во Индијан Велс, тенисерот број еден во светот Новак Ѓоковиќ го заврши учеството во третото коло.

    Подобар од Ѓоковиќ беше 20-годишниот 123. тенисер во светот Лука Нарди. Тој славеше со 6:4, 3:6, 6:3.

    Ѓоковиќ кон крајот на првиот сет побара апче за стомакот, а уште тогаш од говорот на телото и играта се виде дека нешто не е во ред.

    Во вториот сет Новак рано добива брејк, па на бизарен начин го губи, но сепак успева да израмни во сетови, со нешто поконстантна игра и повеќе грешки на Нарди.

    Сепак, во третиот сет Италијанецот се консолидираше, а Новак не успеа да го подигне нивото на својата игра, напротив. Ѓоковиќ немаше ниту една брејк топка, всушност на сервис на Нарди однесе вкупно седум поени во пет гејма.

    Од друга страна, Италијанецот го направи клучниот брејк во шестиот гем. Два спектакуларни удари за 0:30, а потоа и форхенд на Ѓоковиќ во мрежата. Новак ја спасува првата брејк топка со сервис, но не и втората – тоа се покажа како клучен момент.

    По оваа победа Нарди за првпат во кариерата ќе влезе во топ 100, му се предвидува 95-то место. Негов противник во следната рунда на Индијан Велс ќе биде Американецот Томи Пол.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img