More

    Избегнувајте ги: Петте најлоши намирници за вашите бубрези

    spot_img

    Бубрезите играат клучна улога во отстранувањето на нечистотиите и вишокот течности од телото, а помагаат и во одржување на рамнотежата на водата, солта и минералите во нашата крв, што е од суштинско значење за добро здравје.

    Сепак, несоодветен начин на живот кој се состои од избор на нездрава храна може да го загрози здравјето и функционирањето на вашите бубрези. Треба да ги избегнувате овие пет намирници доколку сакате бубрезите да функционираат правилно.

    Преработено месо
    Сланина, колбаси, виршли и друго преработено месо претставуваат голема закана за здравјето на бубрезите. Оваа храна е богата со натриум, а прекумерниот внес на натриум на дневна основа може да го зголеми крвниот притисок и да предизвика дополнителен стрес на бубрезите.

    Истражувањата, исто така, сугерираат дека јадењето повеќе животински од растителен протеин може да ја зголеми стапката на прогресија на бубрежната болест.

    Сокови
    Соковите содржат високо ниво на шеќер и имаат многу ниска хранлива вредност. Овие пијалоци всушност само ви даваат дополнителни калории, што резултира со зголемување на телесната тежина.

    Истражувањата покажаа дека конзумирањето на газирани пијалоци е поврзано со одредени здравствени проблеми како остеопороза, бубрежни заболувања и проблеми со забите.

    Замрзнати оброци
    Истражувањата покажаа дека замрзнатите оброци можат да придонесат за развој на дијабетес тип 2. Секогаш е подобра опција да се подготви свеж оброк и треба да избегнувате замрзнати оброци.

    Ако сепак се одлучите за замрзнат оброк, изберете го оној кој е означен како низок натриум или воопшто нема натриум.

    помфрит
    Помфритот и другите намирници кои се пржат на многу масло не се добри за вашите бубрези.Самите компири исто така се богати со калиум, а се препорачува да го намалите внесот на калиум доколку веќе страдате од бубрежни заболувања.

    Мајонез
    Само една лажица мајонез содржи дури 103 калории, пишува Тајмс оф Индија. Дополнително, мајонезот генерално е богат со заситени масти. Доколку не сакате да го исфрлите од исхраната, треба да изберете мајонез без маснотии или нискокалоричен, но внимавајте да не содржат многу натриум и шеќер. Мајонезот најдобро се заменува со здрав грчки јогурт или урда.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img