More

    Исланѓанецот Дагур Сигурдсон со еден потег ја „купи“ публиката

    spot_img

    Новиот селектор на хрватската ракометна репрезентација Дагур Сигурдсон (50) дебитираше на клупата со победата против Австрија (35-29) во првиот натпревар од квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Хановер.

    Покрај начинот на кој ја подготвува играта и ги мотивира играчите за време на тајм-аутот, Сигурдсон ги „купи“ и навивачите на хрватската репрезентација со неочекуван потег при интонирањето на националната химна.

    Исланѓанецот, кој е прв странец селектор на клупата на хрватската ракометна репрезентација, изрази голема почит кон земјата чија репрезентација ја води, следејќи го примерот на играчите, со раката на срцето, ја испеа хрватската химна. Неговиот потег брзо се прошири на социјалните мрежи.

     

    Хрватска со победата против Австрија го направи првиот чекор кон Олимписките игри, а до крај на турнирот им остануваат дуелите со Германија и со Алжир.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img