More

    Ирина Шајк и Бредли Купер не ги тргаат рацете еден од друг

    spot_img

    Поминаа три години од нивното раскинување, а поранешниот пар сѐ почесто се појавува во јавноста, односно каде е таа, таму е и тој. Има ли нешто повеќе од пријателството на поранешните партнери?

     

     

    Минатиот викенд Ирина Шајк и Бредли Купер се појавија на забава организирана од брендот „Селф портрет“во Њујорк, каде беа поканети и дизајнерката Стела Макартни и уредникот на британскиот „Вог“ Едвард Енинфул, со кои „поранешната“ двојка се фотографираше. Во меѓувреме, Ирина и Бредли го поминаа заедно и празникот „Ноќта на вештерките“. На една од фотографиите, маскираната Ирина седи во скутот на исто така маскираниот Бредли.

     

    Ниту Ирина, ниту Бредли не сакаа да ги коментираат наводите за помирување, пишува „Пипл“, додека „Дејли мејл“ навестува дека Купер е човекот во костим кој беше забележан со руската манекенка и малата Леа (5) пред два дена во Њујорк, кога ја прославуваа „Ноќта на вештерките“.

     

    А деновиве се уловени по улиците на Њујорк како разменуваат нежности.

    Заедничките јавни настапи повеќе не се исклучок за Ирина и Бредли, кои го делат старателството над ќерката Леа де Сејн Шајк Бредли. Иако набрзо по раскинувањето покажаа дека останале во одлични односи, сѐ почестите појавувања наведоа многумина да се посомневаат дека има нешто повеќе во тоа.

     

    Многу прашина се крена кога Ирина кон крајот на август на Инстаграм објави заеднички фотографии од нивниот одмор, меѓу кои и онаа на која се гледа како ја потпира главата на неговото рамо.

    Манекенката ги навела сликите со големо срце и воодушеви многу фанови кои се надеваат дека двајцата повторно се заедно.

    Ирина Шајк и Бредли Купер почнаа да се забавуваат во 2015 година, во меѓувреме и се свршија, а раскинаа во 2019 година, а на претходеше неговата повеќе од блиска врска со Леди Гага, која ја играше главната улога во неговото режисерско деби, „Ѕвездата е родена“. Меѓутоа, Бредли подоцна изјави дека сето тоа било дел од промоцијата на филмот.

    По некое време, Ирина и Бредли ги уверуваа сите дека ги решиле несогласувањата. Големиот бум започна со нивното дружење на после-забавата на доделувањето на наградите Златен глобус во ЛА 2020 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img