More

    Иницијатива на Црвенковски: Пристап до фондовите на ЕУ и излез на заедничкиот пазар додека траат преговорите со Брисел

    spot_img

    Поранешниот претседател и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски промовира нова иницијатива заедно со неколкумина амбасадори насочена кон приклучување на шесте земји од Западен балкан на заедничкиот пазар на ЕУ и пристап до фондовите на Европската унија кој би бил меѓучекор додека земјите преговараат за членство со Брисел.

    Ова Црвенкиовски го презентираше на дебатата „Северна Македонија меѓу Отворен Балкан и Берлински процес: можно ли е побрзо членство во Европската Унија?“ во организација на Здружението за надворешна и меѓународна политика Совет на амбасадори во соработка со кабинетот на поранешниот претседател, Бранко Црвенковски.

    – Од различни причини од различни држави процесот на евроинтегрирање или стои во место или бележи симболички напредок. Ова го велам затоа што во политиките кон ЕУ мора да се има и поширокиот контекст а не се да се сведува само на проблемот со Бугарија. Фактите говорат дека интеграцијата е во застој на цел Западен балкан и според мене во овој момент не постои простор за поголем оптимизам во следните неколклу години.

    Кај постарите членки на ЕУ се зајакнува следниот став: прво реформа на унијата а потоа примање нови членки – рече Црвенковски.

    Тој порача дека земјите кандидатки треба да направат крупен исчекор од оваа ситуација и треба да и помогнат на ЕУ да дефинира појасна стратегија за Западен Балкан.

    – Би сакал да ја промовирам идеја за таква иницијатива која заслужува внимание. Што е тоа што за нас земјите од Западен Балкан е најбитно а во исто време не задира во одлучувањето на ЕУ: тоа е пристап до заедничкиот пазар и пристап до европските фондови. Ова е не е алтернатива на полнопроавно членство во ЕУ туку еден меѓучекор кој има многу бенефити: земјите би ги подобрите економските перформанси, а ЕУ би го зајакнала своето влијание во регионот.

    Нема никаква гаранција дека сите земјит од регионот ќе се согласат и ќе застанат за ваква идеја, ниту пак дека ЕУ ќе ја прифати, но треба да се обидеме затоа што нема што да изгубиме.

    Една варијанта е да се искористи постојана Европска економска област која како организација е основана во 1994 со договор помеѓу членките на ЕФТА и ЕУ. Со овој договор Исланд, Лихтенштајн и Норвешка им се овозможува да учествуваат во внатрешнииот пазар на ЕУ и без членство.

    Втора можна варијанта со која би се избегнале процедурите е доколку ЕУ потпише нов договор со сите земји од Западен Балкан истовремено со кој би се овозможило учество на заедничкиот пазар и пристап до ЕУ фондовите – порача Црвенковски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img