More

    Индија би можела да го промени своето име во „Барат“, стар хинду-збор кој го означува името на земјата во контраст со терминот „Индија“ кој многумина го врзуваат со британското владеење од времето на колонијализмот

    spot_img

    Индија би можела да го промени своето име во „Барат“, стар хинду-збор кој го означува името на земјата во контраст со терминот „Индија“ кој многумина го врзуваат со британското владеење од времето на колонијализмот.

    Идејата ја поддржаа неколку министри од власта во Индија откако претходно владата во својата покана до земјите за Самитот на Г-20, на кој годинава е домаќин, неформално го употреби овој збор, пишува Би-Би-Си.

    Во поканата, претседателот на Индија, Друпаду Мурму е именуван како „претседател на Барат“.

    – Понекогаш ја користиме „Индија“, за оние што зборуваат англиски да разберат. Но, мора да престанеме да го користиме ова име. Името на земјата Барат ќе остане Барат каде и да одите во светот – изјави Мохан Багват, идеолошки татко на владејачката партија БЈП, два дена пред инцидентот.

    Во уставот на Индија, земјата се именува Барат само еднаш – во членот 1 каде стои дека „Индија, тоа е Барат, ќе биде Унија на држави“.

    И во минатото биле поднесувани иницијативи за смена на името до Врховниот суд, но судиите одбиле да бидат вовлечени во контроверзни одлуки.

    Додека власта во Индија го врзува терминот Барат со „златната ера Армит Каал“ кога земјата по 100 години независност, во далечната 2047 ќе биде меѓу најпросперитетните нации во светот, за опозицијата овој предлог за промена на името е навреда.

    Опозицијата ја сфаќа промената на името и како напад врз името на сопствената коалиција која ја основаше со кратенката ИНДИЈА, што означува Индиска национална развојна инклузивна алијанса.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img