More

    Хуманитарна акција за бегалците од Украина

    spot_img

    Во период од 25 до 27 мај сите граѓани кои сакаа да помогнат, имаа можност во „МОШ Бар“ да остават храна, облека, средства за хигиена, лекови, парични средства, а на 27 мај беше организирана забава на која се собираа симболични 100 денари за да им се помогне на луѓето од Украина.

    – Тоа што го добивме како информација од Амбасадата на Украина и Здружението на Украинци во Македонија е дека тие лица се соочуваат со низа проблеми, како што се сместувањата, понатаму недоволните средства со кои располагаат и затоа бевме поттикнати да ја организираме оваа акција преку која се пристапи на оние средства што им беа најпотребни, пред сè храна, облека, витамини, средства за хигиена, како и парични средства што беа собрани на 27 мај на специјалната забава што беше организирана овде во овој локал – изјави Андоновски.

    Тој вели дека проблемите се далеку посериозни бидејќи бегалците од Украина имаат проблеми со моменталниот статус во државата, односно немаат можност да пристапат до пазарот на трудот, а со тоа не можат да остварат сопствени извори на приход.

    Роман Буга, заменик-амбасадор на Украина, се заблагодари за помошта и поддршката и се надева дека ќе продолжат ваквите хуманитарни активности.

    – Многу сме среќни што луѓето од вашата земја даваат силна поддршка на нашата земја, на нашите Украинци, во ова тешко време во кое веќе четврти месец во Украина владее страшна војна. Многу луѓе ги напуштија своите домови, својата земја, за сите нив е потребна голема поддршка како материјална така и морална. Сите видови на поддршка се добредојдени затоа сме ви благодарни на сите вам. Велите дека сте мала земја, но ние секојпат одговараме дека имате големи срца и токму оваа ситуација покажува дека вистинските пријатели се гледаат во тешки времиња и јас се надевам дека оваа акција како дел од целосната поддршка на Украинците сместени во Северна Македонија ќе биде продолжена – рече Буга.

    Олександар Урбановиќ од Здружението на Украинците во Македонија информираше дека заедно со Амбасадата на Украина во Македонија успеале да испратат 14 камиони хуманитарна помош, и апелираше дека сè уште е потребна помош, а сите кои сакат да помогнат тоа можат да го направат во магацинот на „Горска“ во Ѓорче Петров.

    – Уште на самиот почеток на војната во Украина почувствуваме голема поддршка од Македонија и со таа поддршка заедно со Амбасадата успеавме во Украина да испратиме 14 камиони хуманитарна помош. Со овој настан ќе помогнеме на одреден дел од луѓето што се тука во Македонија, можеби нешто ќе се прати и за Украина и со тоа ние ќе имаме можност да им помагаме на оние кои секојдневно се под стрес од оваа војна. Помошта во првата прилика ќе биде или испратена во Украина или споделена тука меѓу Украинците на кои им е потребна – порача Урбановиќ.

    Во моментов, во Македонија пријавени се околу 300 бегалци од Украина кои имаат службени потврди, сместени кај роднини или пријатели. Меѓу нив има мали деца, но и повозрасни лица на кои им е потребна социјална и здравствена помош.

    Заменик-народниот правобранител информираше дека има и лица кои воопшто се немаат регистрирано и престојуваат на основа на туристички престој во државата и според некои неофицијални информации вкупно има околу 1000 Украинци.

    Организаторите апелираа до државните органи што поскоро да се реши статусот на бегалците од Украина, со цел да имаат пристап до пазарот на трудот, здравствена заштита, образование. Ова прашање, вели Андоновски, не мора да се реши со билатерален договор помеѓу двете држави, може да се реши и со одлука на извршната власт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img