More

    Хорор во САД: Во верижен судар на автопат, 6 загинати, над 30 повредени

    spot_img

    Шест лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во верижен судар во кој учествувале десетици возила на автопат во американската сојузна држава Илиноис, соопштија официјални лица.Околу 40 до 60 автомобили и околу 20 комерцијални возила, вклучително и бројни камиони со приколки, учествуваа во сообраќајна несреќа во понеделникот попладне на Меѓудржавен 55 во јужниот дел на Илиноис, изјави полициски претставник на прес-конференција.

    Повеќе од 30 повредени лица се префрлени во локалните болници, а неколку лица починале, изјави официјалниот претставник. Два камиони се запалија како резултат на верижен судир, додаде тој.

    Џолета Хил од округот Монтгомери по телефон потврди дека најмалку шест лица загинале во несреќата.

    Претставник на полицијата изјави дека несреќата во близина на Фармерсвил, на околу 320 километри југозападно од Чикаго, била предизвикана од „силните ветрови што дувале кал од земјоделските полиња на автопатот, што резултирало со нулта видливост“.

    Тој дел од автопатот беше затворен во двата правци неколку часа, соопшти полицијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img