More

    Холштајн смета дека патот кон ЕУ зависи од успешното справување со корупцијата

    spot_img

    Напредокот на Северна Македонија на патот кон Европската Унија ќе зависи во голема мера и од успешното сузбивање на корупцијата, има многу работи кои треба да се направат, но ја имате нашата поддршка, истакна Амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, Анке Холштајн на денешната прес-конференција по предавањето на донираната опрема за МВР.

    Таа рече дека во пристапниот процес кон ЕУ поглавјето за владеењето на правото е една голема рамка, односно тоа е поглавје кое прво се отвора и последно се зтвора.

    – Има многу работи кои треба да се направат, а тоа е случајот со Северна Македнија и тоа го кажа и мојот претседател за време на неговата посета. Во завност од тоа колку брзо Северна Македонија ќе прави напредок на својот пат кон ЕУ зависи од тоа колку брзо ќе се спроведат реформите. И сите ние сме сложни дека тоа е особено тешка задача која претстои и тоа не се однесува само на политичарите, туку и на сите луѓе кои треба да сфатат дека кога ќе заминат на лекар дека не треба да остават некоја банкнота во неговиот мантил, или пак наставничката треба да знае дека не треба да добие подарок од ученикот за 8 Март за да има подобра оценка и сите треба да научат и најмалите и најголемите како се води борбата против корупцијата – порача амбасадорката.

    Министерот за внатрешни работи пак, посочи дека во МВР нема простор за селективности за лицата кои прават прекршоци.

    – И сами гледате во саботата кон недела имаше казнети пратеници и во Собрание, сакам да кажам дека апсолутно не може да стане збор за селективност и секој споделена информција во делот на кривичниот прогон би ни биле од голема корист – рече Спасовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img