More

    Граѓански активисти од соседството ја однесоа славата

    spot_img

    Алес Бељацки од Белорусија, руската организација за човекови права Меморијал и украинската организација за човекови права Центар за граѓански слободи се годинешните добитници на Нобеловата награда за мир, соопшти комитетот во Осло. Иако еден од најголемите фаворите меѓу 343 имиња беше украинскиот претседател Володимир Зеленски, наградата ја добиваат „организации кои го промовираат граѓанското општество и правото на критикување на власта во нивните земји“.

     

     

    „Лауреатите на наградата за мир го претставуваат граѓанското општество во нивните земји. Тие долги години го промовираат правото на критикување на власта и заштитата на основните права на граѓаните. Тие направија извонреден напор да ги документираат воените злосторства, кршењето на човековите права и злоупотребата на власта. Тие заедно ја покажуваат важноста на граѓанското општество за мирот и демократијата“, порачува комитетот во Осло.

    Норвешкиот Нобелов комитет ја чуваше листата на номинации како строго чувана тајна, а меѓу 343 имиња имаше 251 поединец и 92 организации.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img