More

    Германска мултинационална компанија специјализирана за производство на стакло и стаклена керамика испраќа речиси 20% од своите работници на работа со скратено работно време

    spot_img

    Германска мултинационална компанија Schott AG специјализирана за производство на стакло и стаклена керамика со седиште во Мајнц, испраќа речиси 20% од своите работници на работа со скратено работно време. Од мерката што се презема како последен чекор за спас од кризата се погодени околу 600 работници, јавуваат германските медиуми.

    – Работното време ќе се намали за 15%. Околу 600 вработени беа погодени. Околу 300 од нив се работници за производство на керамика. Инфлацијата и падот на куповната моќ доведоа до помала побарувачка за апарати за домаќинство, а со тоа и за стаклокерамички плочи – изјави портпаролот на компанијата.

    Намалено работно време првично беше планирано до крајот на годината.

    Во фабриката во Мајнц работат околу 3.300 работници, меѓу кои има и голем број работници од балканските земји.

    Компанијата е основана во 1884 година. Единствен сопственик на Schott AG е Фондацијата Karl Seitz, која ги поседува сите акции и делумно се финансира од дивиденди.

    Стечаите во Германија речиси станаа нормална појава, кризата затвора фирми стари и по 100 години, а само во првите 12 дена од октомври годинава, банкротираа шест фирми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img