More

    Германија се соочува со своето мрачно минато

    spot_img

    Не се заборавени страдањата на шест милиони убиени невини Евреи, ниту страдањата на преживеаните, напиша gерманскиот канцелар Олаф Шолц денеска на Твитер по повод Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот. Toj потсети на историската одговорност на Германија за убиството на милиони Евреи за време на нацистичкиот режим.

    Претседателот на Бундестагот, Бербел Бас го отвори специјалниот настан, на кој присуствуваше и претседателот Франк-Валтер Штајнмаер. Овогодишната комеморација се фокусира на луѓето прогонувани од нацистите поради нивната сексуална ориентација или идентитет. Преживеаната од холокаустот Розет Кац денеска одржа говор во германскиот Парламент. Пред пратениците се обрати и Клаус Шидерван, претставник на ЛГБТ заедницата. Меѓународниот комитет на Аушвиц направи паралела со руската војна во Украина и ужасот на новата војна во Европа.

    Датумот се одбележува во Германија од 1996 година како Ден на сеќавање на холокаустот, а венци се положуваат во знак на почит на многу локации низ земјата.

    На 27 јануари 1945 година, војниците на Црвената армија ги ослободија преживеаните од концентрациониот логор Аушвиц во Полска, окупирана од нацистите. Во Аушвиц беа убиени повеќе од милион луѓе, од кои најголемиот број Евреи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img