More

    Гарчевиќ: Црна Гора влегува во период на политичка нестабилност и ќе бидат потребни уште неколку избори додека не се стабилизира ситуацијата

    spot_img

    Црна Гора влегува во период на политичка нестабилност и ќе бидат потребни уште неколку избори додека не се стабилизира ситуацијата – оцени во интервју за Радио Слободна Европа професорот од Универзитетот во Бостон Веско Гарчевиќ, одличен познавач на политичките прилики во Црна Гора.

    Имено, Движењето Европа сега (ПЕС) на Милојко Спајиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на вонредните избори освоија 25,5 отсто од гласовите. Демократската партија на социјалистите (ДПС), која владееше со Црна Гора три децении, е втора со 23,8 отсто поддршка.

    Според прелиминарните податоци на Центарот за демократска транзиција (ЦДТ), врз основа на 100 отсто од обработениот примерок, Движењето Европа сега освои 26 отсто од гласовите, коалицијата „Заедно“ (ДПС-СД-ЛП-ДУА) 23 отсто , алијансата „За иднината на Црна Гора“ (НСД-ДНП) 15,1 отсто, а коалицијата на Бечиќ и Абазовиќ 13 отсто.

    Третото место го зазеде коалицијата „За иднината на Црна Гора“ со 14,8 отсто од гласовите и ќе има 13 пратеници. Тој сојуз го сочинуваат тројца членови на Демократскиот фронт, Новата српска демократија (НОВА) на Андрија Мандиќ, Демократската народна партија (ДНП) на Милан Кнежевиќ и Работничката партија.

    Коалицијата на Граѓанското движење УРА Дритан Абазовиќ, премиер во технички мандат и Демократска Црна Гора, Алексе Бечиќ, поранешен претседател на парламентот, освои 12,3 отсто од гласовите и ќе има 11 пратеници.

    Според Гарчевиќ, единствената стабилна коалиција би била онаа составена од Движењето Европа сега и коалицијата собрана околу Демократската партија на социјалистите, „но прашање е дали тоа е можно“.

    – Сите други коалиции би биле краткорочни. Исто така, можно е владата да не се договори во рокот, што би довело до предвремени, преизбори, а веќе наесен.

    Сепак, ДПС има слаб коалициски потенцијал поради своето тридецениско владеење, во кое беше обвинета за бројни корупциски скандали и обвинувања дека ја доведоа земјата на работ на сиромаштија. Самиот Спајиќ во неколку наврати потенцираше дека нема да коалицира со нив.

    Како друга можна варијанта на владејачката коалиција, професорот Гарчевиќ гледа малцинска влада составена од движењето Европа сега и партиите на малцинските народи, со поддршка на коалицијата околу Демократската партија на социјалистите.

    – Затоа што не верувам дека ПЕС сака ДПС во владата, но би „преживеале“ кога би имале малцинска влада со поддршка на ДПС. Треба да се има предвид дека ПЕС ќе се соочи со внатрешни проблеми без разлика што ќе решат да прават“.

    Третата опција, технички, за Гарчевиќ може да биде „Европа сега“ и „Ура“ движењето на премиерот Дритан Абазовиќ.

    Ова е најчесто најавуваната опција, но по тешките зборови во кампањата ќе биде комплицирано да се договори коалиција со Демократите и УРА.

    Како што вели, Гарчевиќ не е исклучено дека Движењето Европа сега ќе се обиде да преговара само со демократите и да го исклучи Граѓанското движење УРА.

    Инаку, неколку дена пред изборите, лидерот на Движењето Европа сега е поврзан со уапсениот крал на криптовалутите До Квон. Ова го оцени како предизборна кампања на Дритан Абазовиќ со цел да го дискредитира Спајиќ, кој тогаш изрази резервираност во однос на коалицијата со УРА на Абазовиќ, пишува РСЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img