More

    Францускиот претседател Макрон ќе соработува со италијанската премиерка Мелони

    spot_img

    Новата италијанска премиерка Џорџа Мелони, синоќа во Рим имаше средба со францускиот претседател Емануел Макрон, прв странски лидер со кој таа разговараше.

    Елисејската палата синоќа пред средбата соопшти дека Макрон, кој е во посета на Рим, ќе има средба со новата премиерка на Италија. Средбата се одржа дискретно, далеку од камерите во центарот на Рим и траеше нешто повеќе од еден час.

    За разлика од германскиот канцелар Олаф Шолц, американскиот претседател Џозеф Бајден и претставници на европските институции, Макрон не сакаше да се изјасни за изборот на Џора Мелони.

    По разговорот со премиерката, Макрон на Твитер напиша дека ќе соработува со неа, додека пред таа порака на истата социјална мрежа упати порака со благодарност до сега веќе поранешниот премиер на Италија, Марио Драги.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img