More

    Европската централна банка ги зголеми каматните стапки

    spot_img

    Европската централна банка денеска ги зголеми трите клучни каматни стапки за 75 базични поени. Така, каматните стапки на операциите за главно рефинансирање ќе бидат 1,25 отсто, на маргиналните кредитни капацитети 1,5 отсто и на девизните 0,75 отсто, соопшти ЕЦБ.

    Ова, како што се наведува во соопштението за печатот на Европската централна банка, е чекор кон транзицијата на каматните стапки што ќе обезбеди навремено враќање на инфлацијата кон среднорочната цел на ЕЦБ од два отсто.

    Управниот совет на ЕЦБ оценува дека во текот на следните неколку седници дополнително ќе ги зголеми каматните стапки, со цел олеснување на побарувачката и заштита од ризикот од постојан раст на инфлаторните очекувања.

    „Инфлацијата е сè уште превисока и веројатно ќе остане над целта подолг период. Според проценката на Евростат, инфлацијата во август достигна 9,1 отсто. Зголемените цени на енергијата и храната, притисоците на побарувачката во некои сектори поради повторното отворање на економијата и тесните грла во понудата продолжуваат да ја поттикнуваат инфлацијата“, оценува ЕЦБ.

    Понатамошни зголемувања на каматните стапки се очекуваат во октомври и декември. Имено, монетарните власти на еврозоната повторно ги подигнаа прогнозите за инфлација, па сега во 2023 година очекуваат стапка од 5,5 наместо 3,5 отсто.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img