More

    Европратениците бараат сослушување од новиот сопственик на Твитер, Илон Маск

    spot_img

    Европратениците на центристичката група Обнови ја Европа побараа мултимилијардерот Илон Маск да биде сослушан во Европскиот парламент за да дознаат повеќе за неговите намери како нов сопственик на социјалната мрежа „Твитер“ и да го потсетат на неговите обврски.

    „Иако сè уште не ги знаеме целосните намери на новиот сопственик на „Твитер“, неговите досегашни изјави и постапки предизвикуваат загриженост“, се вели во писмото на таа група, трета по големина во Европскиот парламент, до претседателката на ЕП Роберта Мекола.

    „Постојат добри причини да се верува дека сегашните стандарди на „Твитер“ би можеле да бидат ослабени во време кога борбата против мешањето во изборите, дезинформациите и говорот на омраза е поважна од кога било досега“, наведуваат европратениците во писмото потпишано од потпретседателката на групата, Дита Чаразнова и европратеничката Софи ин’т Велд.

    Таа пратеничка група бара од претседателката на ЕП, Роберта Мецола, да го покани Илон Маск на сослушување во Европскиот парламент, со цел да го потсети на неговите обврски според регулативите на ЕУ и Кодексот на добри практики од 2022 година во однос на дезинформациите.

    „Без оглед на одлуките на Маск, нашето мото ќе остане: Нашиот континент, нашите правила. Треба да бидеме убедени дека „Твитер“ ќе продолжи да дејствува против дезинформациите и говорот на омраза“, напиша претседателот на групата, Стефан Сежурне.

    Најбогатиот човек на светот на 28 октомври го презеде управувањето со „Твитер“ кој го купи за 44 милијарди долари и веднаш го распушти одборот на директори, отпушти менаџери и половина од 7.500 вработени.

    Маск се залага за „визија за апсолутна слобода на изразување“ која, според неговите критичари, може да ја отвори вратата за секаков вид отуѓување.

    Европскиот комесар Тиери Бретон веќе го предупреди Маск дека треба да ја почитува неодамна усвоената регулатива на ЕУ за големите технолошки платформи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img