More

    Европа ќе биде во мрак, без семафори и со клими до 17 степени

    spot_img

    Египет, Тунис, Либан, Шри Ланка, Гана, Пакистан, Ел Салвадор и куп други земји би можеле да банкротираат до крајот на 2022 година, поради светската криза со гас, нафта и храна. Тие нема да можат да враtат околу четвртина трилиони во долгови. Речиси 900 милиони луѓе од 19 земји се на ризик, а 15 од нив ќе банкротираат, пишува Блумберг Економик. Ова ќе влијае и на Европа која добива големи пари од долговите кои земјите ѝги исплаќаат.

    Во анализата на Блумберг, вклучени се и двете земји кои војуваат, Русија и Украина, а за Русија се знае дека веќе е во банкрот бидејќи земјата не може, поточно не смее да ги исплати своите долгови поради западните санкции.

    Прашање е и колку Украина ќе издржи да ја финансира војната, без разлика што Западот финансиски ја помага. На листата нема други земји од Европа, но сепак на европските земји може да им биде најтешко во друг поглед, а тоа се струјата и енергијата. Тие веќе спремаат мерки.

    Без семафори и климите на 17 степени

    Германија се спрема за ноќно исклучување на семафорите. Барем така ги повика претседателот на германската асоцијација локалните управи. Ќе биде сопрена топлата вода во јавните згради, музеите и спортските центри, а историските објекти и туристичките атракции нема да бидат осветлувани. Германците ќе треба да ги држат своите клима-уреди на два степени подолу, како што неодамна ги советуваше Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.

    „Воновиа“, најголемиот изнајмувач на станови и куќи во Германија – најавува дека ќе го ограничи греењето на 17 степени ноќе. Откако Русија драстично го намали снабдувањето со енергија минатиот месец, во Германија се појави ситуација слична на онаа што ја предизвикаа цената на нафтата во 1973 година.

    Германците купуваат печки на дрва

    Во областа Лан-Дил веќе нема топла вода во училиштата и во 60 сали за вежбање. Дизелдорф го затвори базенскиот комплекс Минстер-Терме. Во Берлин е подобро, таму  ги исклучија „само“ термостатите во базените. Граѓаните масовно купуваат печки на дрва или ги реновираат старите. Експлодираше продажбата на огревно дрво, пелети и јаглен. Канистрите за гориво се многу барани.

    Во Германија се проценува дека трошоците за енергија за домаќинствата со 4 члена се зголемени за 200 отсто на 3.800 евра годишно. Сепак, најдраматичниот трошок ќе биде рационализацијата на потрошувачката на индустријата и последователното намалување на индустриското производство. Германија е добро организирана земја, но истовремено најмногу троши во Европа.

    Банкротот на неразвиените ќе ги погоди развиените

    Но, драмата нема да се случува само во Европа туку и во „земјите во развој“. Либан и Шри Ланка веќе не успеаја да ги исплатат своите обврзници. Севкупно, една петтина (околу 17 проценти) од вкупните долгови на пазарот на овие земји, тешки 1,4 трилиони долари, се изложени на ризик.

    А банкротот на земјите во развој ќе влијае на земјите во Западна Европа. Нивните долгови на луѓето од Запад им носат над 10 отсто од приносот, но сега барем четвртина од тој износ ќе биде скратен. Европските земји ќе изгубат повеќе од кризата во 2008 година, покажува Блумберг-Агрегејт-Соверејн индексот.

    Логично е да се очекува западните берзи да продолжат да паѓаат, иако овде проценките се разликуваат. Додека берзата Волстрит во САД оптимистички сè уште колективно очекува раст на заработката од 10 отсто во S&P, извештајот на Belkin, на пример, предвидува колапс од минус 48 отсто, како во 2009 година. Тоа буквално значи преполовување на берзата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img