More

    Ердоган повторно победи на претседателските избори

    spot_img

    Актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган победи на реизборот, според неофицијалните податоци на државната агенција Анадолија.Тој победи во тензичниот втор круг, тврди агенцијата, откако во првиот круг на 14 мај не успеа да обезбеди повеќе од 50 отсто од гласовите потребни за нов мандат, пренесува Ал Џезира.

    Со отворени 97 отсто од гласачките кутии, Ердоган во вториот круг во неделата освои 52,1 отсто од гласовите, победувајќи го својот противкандидат Кемал Киличдароглу, кој освои 47,9 отсто.

    Официјалната изборна комисија допрва треба да ги потврди резултатите.

    Победата би значела дека Ердоган (69) ќе го продолжи своето 20-годишно владеење за уште пет години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img