More

    Ер Србија регрутира кабински екипаж

    spot_img

    Ер Србија отвори конкурс за регрутирање на нови членови на кабинскиот екипаж за својата база во Белград.

    За таа цел, како што соопшти компанијата. се организираат специјалните тестови кои од 23 февруари до 1 март ќе се организираат во повеќе градови.

    Специјалните тестови ќе се одржат во Чачак на 23 февруари, во Нови Сад на 27 февруари, во Крагуевац на 29 февруари и во Ниш на 1 март 2024 година.

    Пријавите за тестирање може да се поднесат преку веб-страницата airserbia.com.

    На конкурсот можат да се пријават кандидати со најмалку завршено средно образование и кои течно зборуваат и пишуваат англиски јазик.

    Пријавувањата се отворени до 24 часа пред тестот во Чачак, Нови Сад, Крагуевац и Ниш.

    По првиот избор, кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на тестирање.

    Ваквите огласи од 1 март годинава ќе бидат достапни и за македонските и албанските граѓани во рамки на слободниот пазар на труд на Отворен Балкан. Тогаш ќе почне имплементацијата на проектот со кој се воведува идентификацискиот број, што ги поврзува државните е-управи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img