More

    Електронската плочка што беше залепена на градите на Новак Ѓоковиќ во текот на натпреварот од второто коло на турнирот „Ролан Гарод“ привлече огромно внимание во јавноста

    spot_img

    Електронската плочка што беше залепена на градите на Новак Ѓоковиќ во текот на натпреварот од второто коло на турнирот „Ролан Гарод“ привлече огромно внимание во јавноста.

    Сите се прашуваа што е тоа малечко и округло налик чипче залепено на градите на најдобриот тенисер на светот, со оглед на тоа што Ноле се смета за човек кој не експериментира со своето тело, а и долго време одбиваше да биде вакциниран против ковид-19.

    Но, сега конечно на сите им стана јасно. Станува збор за уред наречен „Taopatch“, а него го користат многубројни спортисти. Уредот е комбинација на најновата технологија, нуди светлосна терапија и акупунктура.

    „Уредот содржи слоеви од нанокристали кои ја претвораат телесната топлина во импулси светлина. Произведената светлина се испраќа до одредени акупунктурни точки во телото, што го стимулира централниот нервен систем и му помага во процесот на комуникација со остатокот од телото. Резултатот се многу позитивни здравствени предности, од подобро, поприродно држење до подобар сон, фокус, спортски резултати, ублажување на болка и многу друго“, се наведува на официјалниот сајт на креаторот на овој уред.

    „Taopatch“ станува сè попопуларен помеѓу спортистите, а со оглед на тоа дека Ѓоковиќ е секогаш заинтересиран за унапредување на својата игра, одлучил да го испроба овој уред.

    – Кога бев дете, многу го сакав Ајронмен, па сега се обидувам да го имитирам. Знаете, мојот тим употребува неверојатно ефикасна нанотехнологија за да ми помогне да бидам што е можно подобар на теренот. Станува збор за најголемата тајна во мојата кариера. Да не беше тоа, не би седел тука со вас – се пошегувал Новак.

    Постојат повеќе вакви уреди, а нивната цена се движи од 280 до 2.600 долари, додека на официјалниот сајт на „Taopatch“ се наведува дека во текот на претходните 7 години, повеќе од 1.800 медицински работници имале можност да го тестираат производот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img