More

    Едногласно одбиен амандманот на ВМРО-ДПМНЕ за линеарно зголемување на платите

    spot_img

    По којзнае кој пат, власта го покажа своето вистинското лицемерно лице и лажна грижа кон граѓаните.
    Имено, во текот на вчерашниот ден коалицијата СДСМ/ДУИ овде во Собранието на Република Македонија го одби амандманот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе значеше линеарно зголемување на платите за сите вработени во јавниот сектор за 2 800 денари, истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова.
    – Со измените на Законот за административни службеници кои што владејачкото мнозинство ги турка во Собранието, се предвидува покачување на платите само на службеници со ниво „Г“ на сложеност на работа, а за сите останати покачување на платите, ќе нема. Ова е класична дискриминација, потценување и омаловажување на вработените во јавниот сектор. Токму затоа, на барање на сите репрезентативни синдикати, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандман кој имаше за цел усогласувањето со
    минималната плата да биде предвидено за сите категории вработени според Законот
    за административни службеници. Без исклучок – изјави Панова.

    Пратеничката констатира дека мнозинството предводено од СДСМ и од ДУИ, едногласно го одбило амандманот.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img