More

    Една жена загина кај Табановце, Ѓорѓе Давид е меѓу повредените

    spot_img

    Рок-музичарот и член на жирито на „Ѕвезда Гранда“, Ѓорѓе Николиќ, попознат како Ѓорѓе Давид, доживеа сообраќајна несреќа синоќа во Македонија, на граничниот премин Куманово – Табановце, а во несреќата учествувале три возила при што загина едно лице, а повеќемина се повредени.

    Ѓорѓе на својот Инстаграм профил објави видео од автомобилот каде објаснува дека се враќа во Србија по состанокот што го имал надвор од државата, но дека снегот кој почнал да дува со луда брзина му го попречувал патувањето.

    – Ја завршивме последната средба што ја имавме, заминуваме за Србија, ќе застанеме малку во Ниш, пред тоа, единствено ми е ненормално што дува и снегот, станува сѐ полош и полош. постудено и постудено – вели Ѓорѓе Давид во видеото.

    Да потсетиме, во оваа сообраќајна несреќа, за жал животот го загуби 49-годишна кумановка. Таа била сопатничка во возилото „поло“. Покрај трагичната загуба на оваа жена, две лица се тешко повредени, а се сомнева дека и самиот Ѓорѓе Давид се здобил со тешки повреди.

    Во сообраќајната незгода учествувале „фолксваген поло“, патничко возило „фолксваген голф“ и патничко возило „опел инсигнија“ за кое постои сомневање дека го управувал Ѓорѓе Давид – открил изворот, пренесува Информер, кој проследил и фотографии од местото на несреќата.

     

    Сообраќајната несреќа во која учествуваа три автомобили, од кои едниот со српски национални ознаки се случи вчера во 20 часот.

    – Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(24) од Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(45) од Куманово и патничко возило „опел инсигниа“ со српски национални ознаки, управувано од Ѓ.Н.(59) од Република Србија. Во несреќата, од здобиените повреди починала Љ.Т.(49) од Куманово, сопатничка во возилото „поло“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Куманово – информираше полицијата.

    Со тешки телесни повреди се здобиле В.П. и Б. Т, а со телесни повреди Ѓ.Н., констатирани во болницата во Куманово.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img