More

    Трамп изјави дека земјите од НАТО потрошиле „милијарди и милијарди“ долари на оружје и одбрана, откако тој се закани дека нема да ја штити Европа во случај на напад

    spot_img

    Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека земјите од НАТО потрошиле „милијарди и милијарди“ долари на оружје и одбрана, откако тој се закани дека нема да ја штити Европа во случај на напад.

    Говорејќи на митинг во Њу Хемпшир, Трамп ги критикуваше европските земји дека премногу се потпираат на Вашингтон кога станува збор за војската и оружјето.

    По средбата со лидерите на НАТО за време на неговото претседателствување, Трамп истакна дека САД ги „сноси сите трошоци“ на алијансата. Еден европски лидер го праша: „Дали тоа значи дека ако не дадеме пари, нема да не заштитиш?“

    Трамп рече:

    „Реков дека тоа е токму она што значи. А следниот ден почнаа да се слеваат милијарди и милијарди долари“.

     

     

    Извештајот на Политико претходно овој месец откри дека Трамп и кажал на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во 2020 година дека САД нема да застанат во одбрана на Европа доколку биде нападната.

    Тимот на Трамп не одговори на барањата за коментар за разговорот. Не е јасно дали Трамп мислеше на оваа средба со Фон дер Лајен на митингот во Њу Хемпшир.

    На самитот на НАТО во Велс во 2014 година, членките на алијансата ветија дека ќе потрошат 2% од својот БДП за одбрана до 2024 година, иако само мал број членки всушност планираат да ја постигнат таа цел.

    Трамп постојано ги критикуваше членките за недоволно инвестирање во нивната одбрана во споредба со САД, иако бруто домашниот производ на Вашингтон е значително повисок од другите членки на НАТО.

    По овие изјави тој беше нападнат од тимот на претседателот Џо Бајден.

    – Идејата дека ќе ги напушти нашите сојузници ако не го добие она што го сака, го истакнува она што веќе го знаеме за Доналд Трамп – единствената личност за која се грижи е самиот тој – рече портпаролот на кампањата на Бајден, Амар Муса во изјавата.

    Францускиот европски комесар Тери Бретон, кој ја раскажа средбата со Фон дер Лајен, ја нарече заканата на Трамп „голем повик за будење“.

    – Сега, повеќе од кога било, знаеме дека сме сами, ние сме членка на НАТО, речиси сите, се разбира, имаме сојузници, но немаме друга опција освен значително да го зголемиме овој столб за да бидеме подготвени за што и да се случи – рече тој на настанот во Европскиот парламент во Брисел претходно овој месец.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img