More

    Еден од најпознатите холивудски актери Џони Деп со хеликоптер пристигнал пред влезот на антикварницата во англискиот град Хамсвел Клиф за да купи неколку предмети

    spot_img

    Еден од најпознатите холивудски актери Џони Деп (59) со хеликоптер пристигнал  пред влезот на антикварницата во англискиот град Хамсвел Клиф за да купи неколку предмети, објави Мирор.

    Неговата посета била договорена како тајна, но пристигнување на хеликоптерот не останало незабележано. Англиските медиуми шпекулираат дека актерот се одлучил на овој необичен потег за да привлече што поголемо внимание.

    Роберт Милер, сопственикот на антикварницата, го опиша Деп како приземен човек, а откри и како актерот се подновил со три гитари. Џони купил и вазна со черепи, стол, комплет за сликање и неколку постери и слики.

    – Седна и отсвири неколку песни, за старите добри времиња, а потоа реши да ги купи. Беше одлично бидејќи беше нормален и многу опуштен и можеше да поминува време гледајќи ги работите и свирејќи ги гитарите што сакаше да ги свири. Се чувствуваше како дома – изјави сопственикот Милер.

    Деп за само пет дена заработи 5 милиони евра од продажбата на своите уметнички принтови на починати ѕвезди.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img