More

    Два милиони луѓе потпишаа петиција против Амбер Хард

    spot_img

    Скандалозниот развод на еден од најпопуларните светски актери Џони Деп и неговата поранешна партнерка Амбер Хард со денови ги тресе медиумите, а гадните обвинувања на оваа актерка ја шокираат јавноста.

    Обожавателите на Џони Деп застанаа во негова одбрана и направија петиција со која ја притиснаа екипата од продукцијата на филмот „Аквамен 2“ да ја исфрли Амбер од филмот.

    Петицијата со која се бара Амбер Херд да биде отстранета од филмот „Аквамен 2“, собра два милиони потписи.

    – Мажите се жртви на семејно злоставување, исто како и жените. Тоа мора да се препознае и да се преземат мерки славната насилничка да не се слави во забавната индустрија – се наведува во петицијата и се додава:

    „Направете ја вистинската работа. Отстранете ја Амбер Херд од „Аквамен 2“.“

    Петицијата беше покрената во 2019 година, а сега повторно стана актуелна, среде тужбата меѓу Амбер Херд и Џони Деп.

    Многумина веќе ја предлагаат Емилија Кларк како замена за Амбер. Амбер треба да го игра ликот на Мера во филмот, а второто продолжение на „Аквамен“, под целосниот наслов „Аквамен и изгубеното кралство“, би требало да излезе во 2023 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img